Пукотници во Будва, едно лице го загуби животот

Вечерва, околу 21:10 часот, во Дежурната служба на Одделението за безбедност во Будва било пријавено дека дошло до употреба на огнено оружје. По излегувањето на местото на настанот, било утврдено дека едно лице го загубило животот.

Веднаш по настанот, полициските службеници од Одделението за безбедност во Будва воспоставиле блокади и презеле итни мерки и активности за идентификација, лоцирање и фаќање на сторителот по извршеното кривично дело, се наведува во соопштението на Управата на полицијата.

Полициските службеници, по потера, лоцирале и привеле едно лице, а пронашле и огнено оружје – два пиштола, како и други траги на местото на настанот.

„За настанот веднаш, без одложување, бил известен надлежниот државен обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој раководи со увидните и истражните мерки и активности“, се наведува во соопштението.

Според првичните информации, во настанот учествувале странски државјани.

„Во тек се понатамошни полициско-обвинителски активности, како и други мерки и дејствија со цел утврдување на сите околности на настанот. За исходот од преземените активности, јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија од полицијата.

Според изјавите на очевидците, во пукањето учествувале турски државјани.