„Беше човек што си ја сакаше државата и голем поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“ – Почина Драги Бојковски

Тажната вест на социјалните мрежи ја објави Emil Spasovski

Со голема тага и неверување ја примив веста за прераната смрт на мојот голем поддржувач и драг пријател Драги Бојковски.

Драги беше човек со свои принципи, ставови и убедувања, искрен пријател, пензиониран полициски службеник-командир на ПС во Крива Паланка, човек што си ја сакаше државата и голем поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе остане запаметен по својата човечност, пријателство и искрена посветеност на вредностите во кои веруваше.

Неговото заминување е загуба за семејството, пријателите и сите што го познаваа и почитуваа.

Почивај во мир, драг пријателе. Твоето дело и споменот за тебе ќе останат.

Искрено сочувство до семејството. Бог да те прости!