Со длабока тага ја примивме веста за смртта на проф. д-р Никола Камчев, истакнат лекар, специјалист трансфузиолог, универзитетски професор и прв декан на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, објавија од Клиничка Болница Штип 2025
Проф. д-р Камчев остави неизбришлива трага во развојот на здравствената дејност во Штип и регионот. Својот професионален пат го посвети на медицината, а со својата стручност, посветеност и визија даде значаен придонес во развојот на трансфузиолошката служба и унапредувањето на здравствената заштита.
Како еден од основоположниците на високото медицинско образование во Штип и прв декан на Факултетот за медицински науки, остави трајно наследство во образованието и создавањето нови генерации медицински кадри.
Неговото дело, професионален интегритет и човечност ќе останат трајно вградени во историјата на штипското здравство и медицинската академска заедница.
Клиничка болница – Штип изразува искрено сочувство до семејството, колегите, соработниците и сите кои го познаваа и почитуваа.

