ТАЖНА ВЕСT: Почина актерката која беше една од најомилените кај македонската публика

Филмскиот свет е во шок: Британската актерка Тина Симонс, ветеранка со импресивна 60-годишна кариера и над 300 филмски и телевизиски остварувања, беше пронајдена мртва во својот стан.

Британската актерка Тина Симонс, која со децении остави неизбришан печат во светската кинематографија глумејќи во франшизи како „Војна на ѕвездите“, „Џејмс Бонд“, „Бетмен“ и „Невозможна мисија“, почина во саботата, оставајќи зад себе импресивна кариера долга шест децении.

Како што пренесуваат светските медиуми, таа била пронајдена мртва во својот стан во кој што живеела, што дополнително ги потресе нејзините колеги и обожаватели ширум светот.

Симонс беше исклучително плодна актерка со појавувања во повеќе од 300 филмски и телевизиски продукции.

Публиката на „Војна на ѕвездите“ најмногу ја памети по нејзината незаборавна улога на бунтовнички техничар во класикот од 1983 година, „Враќањето на џедајот“, а истовремено таа е и една од ретките актерки кои успеале да се појават во филмови од двата најголеми суперхеројски универзуми – и во „Марвел“ и во „Ди-Си“.

Покрај сопствените улоги пред камерите, Симонс долги години работела и како официјална замена и дублерка на некои од најголемите холивудски ѕвезди, меѓу кои и оскаровките Мерил Стрип и Хелен Мирен.

Нејзиното импресивно резиме вклучува вистински светски класици како шпто се култни британски серии: „Сплетки“ (Only Fools and Horses), „Доктор Ху“ (Doctor Who), EastEnders, Coronation Street и The Bill, потоа франшизата за Џејмс Бонд Октопуси, Поглед на убиство, Здивот на смртта и Умри друг ден како и холивудски блокбастери Супермен III и IV, Супердевојка, Кој му смести на Зајакот Роџер, Малата продавница на ужасите, Темниот витез и Невозможна мисија