ПРОНАЈДЕНА ПОЧИНАТА ЖЕНА – наредена обдукција

На 17.11.2026 во 09:45 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека во куќа во с. Удово, валандовско, била пронајдена почината 62-годишна жена од с. Удово.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на ОВР Валандово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.