Викендот во Македонија го започнавме со врнежи и тоа особено во западните и во северните предели, а пообилни врнежи локално имаше во западните предели од Македонија каде имаше и појава на локални грмежи.
Во западните предели исто така утрово дуваше западен и југозападен ветер кој повремено засилуваше на интензитет.
Во западните високи планински места со надморска височина од над 1800 метри имаше врнежи од снег ова утро и се формираше мала снежна покривка.
Снежен почеток на викендот на Попова Шапка сабота 21 ноември
Фото: skimacedonia.mk

Утрово снег имаше и на Јабланица.

Извор: Славчо Попоски

