Граѓаните во паника ги напуштаа домовите: Земјотрес со јачина од 6,8 степени – eве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри.

Потресот бил почувствуван и во главниот град Лима, пренесе Ројтерс.