Мртов маж пронајден утрово кај Смилковци, телото било во близина на неговиот автомобил

Безживотно тело на маж утрово било пронајдено кај надвозник во близина на скопското село Смилковци, објави Скопје 1.

Според неофицијални информации на Скопје1, станува збор за 38-годишен жител на село од скопскиот регион, кој бил пронајден во близина на својот автомобил.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 06:15 часот, откако било забележано лице без знаци на живот.

Постапувал и јавен обвинител, а сега се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.

Повеќе детали во текот на денот.