Услугата „МојДДВ“ повторно е достапна за граѓаните, откако техничкиот проблем поради кој беше привремено недостапна е успешно надминат.
Од надлежните информираат дека услугата повторно функционира нормално, по што претходно беше објавено известување за привремена недостапност поради технички проблеми.
Граѓаните повторно можат да ја користат апликацијата „МојДДВ“ за скенирање фискални сметки и остварување на своите права.
Надлежните упатија благодарност до корисниците за трпението и разбирањето во периодот додека траеше отстранувањето на проблемот.

