Денеска врнежи од снег во Македонија

Ноќеска најпрвин во западните делови, а потоа насекаде имаше врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места беа од дожд и снег, а на планините од снег.

Ќе дува засилен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час, претпладне од западен, а попладне од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од вчера од вечерните часови, во текот на ноќта и денеска ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.

Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 км/ч, особено во западните делови. Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање