Денеска е важен празник – направете го ова за здравје и напредок во вашиот дом

Православната црква на 23 ноември го одбележува споменот на Светите апостоли Олимп, Ераст, Родион и другите апостоли од Седумдесетте.

Станува збор за Христови следбеници кои го ширеле христијанството, ја проповедале верата и, според црковното предание, многумина од нив поради своите уверувања поднеле големи страдања. Нивниот живот и денес се памети како пример за преданост, истрајност и духовна сила.

Кои биле Светите апостоли Олимп, Ераст и Родион?

Според црковното предание, сите светители кои се одбележуваат на овој ден им припаѓале на Седумдесетте апостоли, кои Исус Христос ги избрал и ги испратил да го шират неговото слово. Свети Олимп и Родион биле верни следбеници на апостол Петар, а нивната преданост била толку силна што, според преданието, заедно со него поднеле маченичка смрт. Кога настрадал апостол Петар, Олимп и Родион исто така биле погубени по наредба на римскиот император Нерон, така што на обајцата им биле отсечени главите.

Од друга страна, Свети Ераст имал многу важна улога во организацијата на првата христијанска заедница. Најпрво бил економ, односно управител на материјалните работи на Ерусалимската црква, а подоцна станал епископ во Панеада Палестинска. Неговиот живот останал запаметен како пример за несебично служење на црквата и заедницата, но и за длабока посветеност на ширењето на верата.

На овој ден, според традицијата, верниците наутро палат свеќа в црква или пред домашната икона, ги избегнуваат расправиите и прават добри дела помагајќи им на ближните во неволја, баш како што Свети Ераст се грижел за првата христијанска заедница.

Притоа, со искрено срце за здравје, мир и напредок на домот се изговара кратката молитва:

„Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им подари простување на гревовите на нашите души.“