Вакво нешто Манчестер Јунајтед не доживеал цели 100 години!

Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз на гостувањето кај Ливерпул во Премиер лигата. Тимот од „Олд Трафорд“ загуби со убедливи 4:0 на „Енфилд“, а натпреварот беше особено непријатен за новиот тренер Маурисио Почетино, кој на најлош можен начин го започна својот мандат на клупата на англискиот гигант.

Аргентинскиот стратег со овој пораз израмни негативен рекорд на Манчестер Јунајтед стар точно 100 години. Имено, Почетино стана само вториот тренер во историјата на клубот кој на своето деби претрпел пораз од четири гола разлика.

Пред него, таков неуспешен почеток имал само Лал Хилдич, кој во октомври 1926 година го предводел Јунајтед во поразот од Болтон Вондерерс со 4:0. Во изминатиот век ниту еден тренер на „црвените ѓаволи“ не ја започнал својата авантура со толку убедлив пораз.

Почетино пристигна на клупата на Манчестер Јунајтед по заминувањето на Мајкл Керик, а првиот предизвик му беше гостувањето кај најголемиот ривал Ливерпул.

Дополнителен удар за гостите беше раното исклучување на Лени Јоро, по што Јунајтед остана со десетмина фудбалери. Ливерпул ја искористи бројчаната предност и стигна до убедлива победа.

За домашниот тим погодија Доминик Собослаи, Флоријан Вирц, Рио Нгумоа и Виктор Муњоз.