Осумдесетгодишна жена била пронајдена почината во својот дом во скопската населба Кисела Вода, а надлежните институции презеле мерки за утврдување на причините за смртта.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 21 ноември, околу 14:05 часот. На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта на жената.
Полициските службеници извршиле увид на местото, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција. Со неа треба да се утврдат причините за смртта.

