Поради најавата на УХМР дека попладнево ќе дува засилен ветар од северен правец, од ЈП „Паркови и зеленило“ ги предупредуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици.
Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од временските непогоди, ве молиме веднаш да пријавите на телефонскиот број за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“, велат од претпријатието.
Оттаму апелираат до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да бидат внимателни и да се грижат за сопствената безбедност.

