Важни информации за сите кои утрово патуваат – бидете крајно внимателни на овие патни правци!

Фото: Социјални мрежи

Возачите денес треба да бидат внимателни на повеќе патни правци низ земјава поради магла, градежни работи и изменет режим на сообраќај.

Намалена видливост има на планинскиот превој Стража, каде маглата ја ограничува видливоста на околу 100 метри. Од „Македонијапат“ апелираат возачите да ја приспособат брзината и да бидат внимателни, особено на делниците што минуваат низ клисури и усеци, каде постои можност за поситни одрони. 

Градежни работи има и на експресниот пат Штип–Радовиш, кај клучката Бучим, каде од денес се врши санација на оштетена дилатација на мост. Сообраќајот на оваа делница ќе се одвива наизменично, со поставени семафори. 

На патниот правец Кичево–Охрид, поради градежни активности на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации, а изменет режим има и на делницата Калишта–Радожда, кај Елен Камен. 

Од АМСМ потсетуваат дека зимската опрема е задолжителна од 15 ноември до 15 март, без оглед на временските услови, и апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат знаците и да возат внимателно.