Земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди западниот дел на Турција, по што во истиот регион беа регистрирани уште пет послаби потреси.
Според објавените сеизмолошки податоци, земјотресот бил регистриран во 16:39 часот по македонско време, на длабочина од 10 километри.
Во следните 14 минути биле регистрирани дополнителни пет земјотреси, со магнитуда од 2 до 2,8 степени.
Сеизмичка активност попладнево е регистрирана и на Балканот. Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени ја погоди Грција, додека во Албанија бил регистриран потрес со магнитуда од 2,1 степен.

