Утрово ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец
Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утрово според податоците на УХМР -10 степени се измерени во градовите Делчево и Берово.
Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

