– На 90-годишна возраст, во Охрид почина Миле Трпеновски, голем хуманист, долгогодишен секретар и доајен во Црвен крст Охрид, Црвен крст на Република Македонија и воопшто во хуманото движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.
– Неговиот хуман лик и активност остава силен мотивирачки белег кај многу генерации хуманисти, волонтери и членови на Црвениот крст. Неговиот хуман однос во заедницата е пример за сите популации и поттик за градење на позитивни односи.
Високиот морален и хуман чин го изразуваше кон своето семејство со постојана родителска грижа. Трпеновски, создаде и остави документирани пишани трагови за хуманоста, особено во делото „Впечатоци за хуманоста“, информираат од Црвен крст Охрид.
Погребот и поменот за Миле Трпеновски ќе се изврши на Градските гробишта во Охрид, на 26 ноември 2026 година, во 12:00 часот.

