Тажна вест утрово: Почина легендарниот гитарист од познатиот поп-бенд

Енди Тејлор, гитаристот на британскиот поп-бенд „Дјуран дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст по долга и тешка борба со рак на простатата, соопштија денеска членовите на групата.

„Енди водеше долга и храбра битка против ракот на простата“, изјавија неговите колеги, додека неговата сопруга Трејси рече дека тој бил столбот на нивното семејство и дека ќе им недостасува секој еден ден, како што пренесе „Би-би-си“ (BBC).

Тејлор починал во понеделникот во својот дом на Ибица, Шпанија, опкружен од своето семејство, се наведува во соопштението на групата.