15-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера вечер автомобил „ауди“ удрил во неа на крстосницата на улицата „Цветан Димов“ со булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Несреќата била пријавена во 22 часот, а според информациите од МВР, автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 45-годишниот В.А. од селото Танушевци.
Повредите на малолетничката биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

