Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на потресот бил на отворено море, на длабочина од десет километри.
Засега нема извештаи за повредени лица или предизвикана материјална штета.
Надлежните служби соопштија дека не е издадено предупредување за опасност од појава на цунами.

