НАЈНОВА ВЕСТ: Овој патен правец е затворен за сообраќај, се излизга камион

Фото: Архива

Патниот правец пред селото Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал и завршил попречно на коловозот.

На фотографиите од местото се гледа камионот кој го блокира патот, поради што сообраќајот е целосно во прекин.

Засега нема официјални информации за причините за настанот, ниту дали има повредени лица.

Се претпоставува дека снежните врнежи и лизгавиот коловоз придонеле за излизгувањето на тешкото возило.