Хрватскиот ММА-борец Маро Перак почина на 39-годишна возраст, откако му се слошило, а засега повеќе детали не откриваат хрватските медиуми.
Перак во кариерата имаше 26 победи и осум порази, а последен пат се бореше во 2017 година кога загуби од Никита Крилов со технички нокаут.
Борецот е роден во Дубровник, каде што сотави голема трага како основач на клубот „Гладиатор“, а посебно одличен беше на почетокот на кариерата кога запиша 10 победи по ред.