Министерството за внатрешни работи за Курир потврди дека скопјанката Стојанка Ѓоргиева денеска е пронајдена почината.
-До МВР е добиена пријава околу 10 часот утринава. Женско лице, пријавено за исчезнато, е пронајдено починато меѓу селата Арачиново и Грушино, велат од МВР за Курир.
Жената била пронајдена почината во нива покрај пат. Од МВР не откриваат повеќе детали, велат увидот е во тек, а на терен е и јавен обвинител. Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Потрагата по 75-годишната Стојанка траеше четири дена.