Измамена битолчанка: Љубовник и земал 8.700 евра и исчезнал

Измамник по кого трага полицијата, зел околу 8.700 евра од жена од Битола со која бил во љубовна врска, со образложение дека му требаат за да одблокира сметка на негова фирма. По ова, тој исчезнал, информираат од полицијата.

„На 27.07.2022 во СВР Битола, 49-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари. Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати“, соопшти МВР.

Како што е пријавено, откако открила дека лицето лажно ѝ се претставило и дека не поседува фирма, случајот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде