На 12.07.2022 околу 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонски гемиџии“, велосипед, управуван од Ј.Б.(70) од Битола, удрил во запрено патничко возило „фолксваген шаран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(51) од Битола.
По несреќата Ј.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Во координација со Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Битола.
Подоцна, во текот на денот, Ј.Б. повторно се јавил во Клиничката болница Битола, при што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што вчера починал на Клиниката за неврохирургија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.