Илинка Митрева даде свој автентичен печат на македонската внатрешна и надворешна политика, со што се вгради во современата македонска држава, напиша на Фејсбук претседателот на државата, Стево Пендаровски, по повод cмртта на поранешната шефица на дипломатијата и пратеничка Илинка Митрева.
– Како долгогодишен пратеник во Собранието, претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, шеф на македонската собраниска група за соработка со Европскиот Парламент и особено како министер за надворешни работи, Митрева даде голем придонес кон европските и евроатлантските интеграции на нашата држава, истакна претседателот.
Нема зборови што ќе ја надоместат големата загуба за семејството и пријателите, додава Пендаровски во објавата, верувам дека нејзиното дело ќе продолжи да живее во спомените на македонските граѓани.