Лукаревска: Од јануари ќе се зголеми сумата на исплата на МОЈ ДДВ

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 порача дека земјава треба максимално да се посвети на домашните задачи, да се прават реформи и вели дека кога земјата е во скрининг процес, не е ниту време ниту место за референдум.

„Не го знаеме прашањето за референдум. Јасно беа поставени црвените линии кои беа изгласани со 68 гласови во Собранието. Го имаме македонскиот јазик и идентитет, историјата е надвор од преговарачкиот процес. Кое прашање би требало да го поставиме? Дали сакаме да одиме во Европската Унија? Мора да одиме напред сите во овој процес“, истакна Лукаревска.

Лукаревска истакна и дека од 1ви јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари. За протестите на вработените во „Колска“ кои револтирани од шесмесечното блокирање на фабричката жиро-сметка од страна на УЈП ја блокираа железничката постојка во Велес, Лукаревска вели дека ги разбира вработените, но одговорите треба да ги побараат кај раководниот тим кој не ги плаќале долговите кон УЈП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде