Нови детали за y6иството на момчето во Гостивар: Бил заcтрелан пред својот дом!?

Едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје вечерва во центарот на Гостивар. Според првичните информации се работи за убиство на кое му претходела расправија.

Убиството се случило пред домот на y6иениот. Според очевидци, момчето се враќало дома од градот. На десетина метри од кучата бил нападнат со огнено оpужје.

Според СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А.

На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде