Ова е младото момче кое вчера беше y6иено во Гостивар (фото)

Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути бил застрелан 28-годишниот Гент Асани од Гостивар.

Сведокот на случајот, кој е член на семејството на жpтвата, за „Гостивари Сот“ раскажа што видел во моментите на y6иството на 28-годишниот Гент Асани.

„Бев дома и одеднаш слушнавме гласови од куќата на жртвата. Излегов на балконот и ја видов мајка му како плаче покрај жртвата. Жртвата лежела на земја. Истрчавме и заедно со уште некои луѓе побрзавме да го испратиме во болница.

Откако го предадовме на итната помош, неколку минути подоцна не известија дека жртвата нема знаци на живот“, признава сведокот на случајот.

Убиството се случило пред домот на y6иениот. Според очевидци, момчето се враќало дома од градот. На десетина метри од кучата бил нападнат со огнено оpyжје.

Според СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А.

На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде