Во Македонија времето денеска беше студено наутро, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди.
Во текот на попладнето, облачноста се намали. Дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во следните денови утрата ќе бидат студени, а од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.
На некои места температурите ќе достигнат и 30 степени. Утре ќе има услови за слаб локален дожд.
Како што информира УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Во следните денови минималната температура ќе се движи од минус еден до 12 степени, а максималната од 17 до 27 степени.