Прес 24 отрива дека причината за целиот немил инцидент во автобус на ЈСП, вечерва во Кисела Вода е всушност, местото за седење во автобусот, отстапено за некое девојче.
Поради ова, група средношколци од Студеничани и Моране започнале физичка пресметка. Едниот од средношколците извадил н0ж, по што се из6оделе и напаѓачот и напаѓачите.
Од Министерството за внатрешни работи се уште немаат објавени официјални информации за повредени на настанот и останати детали.
ОБНОВЕНО – НОВИ ДЕТАЛИ
Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вчеравечер во 20 часот биле примени две лица со повреди од оcтар предмет во пределот на шаката.
Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.
Дел од медиумите претходно објавија дека во автобус на ЈСП број 51 во Скопје се случила тепачка меѓу малолетници, но од Министерството за внатрешни работи се уште нема информација за инцидентот.