Јонуз: Се мрднавме од памет бе луѓе! И кучињата по улица станаа депресивни па наместо да лајат само ќе покажат зуби и ке си свртат опашka

Се мрднавме од памет бе луѓе! И кучињата по улица станаа депресивни па наместо да лајат само ке покажат зуби и ке си свртат опашка во стилот ‘‘ ме мрзи да лајам‘‘, пишува Агим Јонуз во најновата колумна за Коха.мк

И они дури гледаат дека нешто не е во ред. Само партиските војници задолжени со газот во скутот на партиите велат ‘‘ све је у најбољем реду друже‘‘. Има една српска поговорка која вели ‘‘ ко не полуди тај није нормалан‘‘.

Популација која троши најмногу Диазепам по глава на жител има своја приказна за која треба да се дискутира. Дали постои нормален човек во смисла да не употребува никакво средство за смирување во државава.

Е, да, не е се во лековите, има тука и други финти, стимуланси, а најчесто алкохол.Некој го пие отворено демек, ‘‘ колку за атер‘‘ која е старо оправдување за секој алкохоличар, а кој скришно, па никогаш не ти е јасно кога го гледаш зошто е толку смирен, а очите му се црвени како ‘‘ Марлборо‘‘.

Јас сум ги поминал сите финти и сите фази. Барем си признавам, за разлика од некои кои се декларираат како безгрешни ‘‘ хафузи‘‘, а зад нивната приказна само тие си знаат што стои. Арно, ама, господ гледа. Секој за себе.

Има една огромна маса која и се врти на религијата се повеќе, иако и тука има страшно голема хипокризија. Социопатологијата и господ не одат заедно. Поготово не политиката и господ.

Ако земеме во предвид дека религијата и господ како институција инсистираат на кодекс кој подразбира пред се чесност и позитивни хумани релации, доаѓаме до констатација дека господ на крајот испаѓа само една одлична завеса за криење на самиот себе си ‘‘ од самиот себе си‘‘. Битно, функционира.

Тоа што на крај не се знае ни кој пие ни кој плаќа не е битно, затоа што нештата функционираат, па сеа како, тоа е. Ќути и пливај, гледај да не се удавиш во реката наречена социопатологија. Ионака викаат дека ова не е живот туку тест на издржливост.

Дојде онаесенско време во кое ноќе е ‘‘грч’’ ладно а дење се зноиме. Ама некоја чудна пот. Ладна. Чешаш глава имаш долгови, пари немаш, а капак на се сакаш да работиш и да заработиш, ама нема како. Не дека сакаш да бидеш лузер, ама каде и да се свртиш, што би рекол еден мој припрост другар, ‘‘ за што и да се фатам, за стап се фаќам‘‘! Дури и најголемите дубарџии, преваранти и далаверџии почнаа да плачат дека нема пари.

А, што да речат тек приватните стопанственици. Ептен тие што продаваат храна работат со позитивна нула, зашто народ  мора да јаде, па макар на вересија. Море, ни вересија нема више, не те ферма никој! Самата држава не те ферма! Цркавај ‘‘ на нивоу‘‘ друже мој и спремај се за киселиот купус зимоска.

Уште колку куршуми има власта да пука дека се е под контрола? Не знаеш дали народов е по уплашен, по збунет, по дезинформиран или по ебан у мозак. Претпоставката дека тенденцијаата ‘‘иде само на бетер‘‘ ке еволуира сериозно и реално, неизбежно повлекува прашање како народот ќе се справи со сето тоа.  Има една стара народна која вели ‘‘ сечи уши, крпи дупе‘‘. До кога ќе сечеме уши бе друже мој, па немаме уши ‘‘ од тука до Гостивар‘‘! И тие се толкави колкави се.  А каква е ситуацијата?  Ситуацијата е најблаго речено гомна!

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде