Водителката Билјана Дебарлиева, која до пред некоја недела ја гледавме на програмата на Канал 5 телевизија, откри каде ќе продолжи да работи.
На почетокот на месецот Дебарлиева објави статус на социјалната мрежа Фејсбук и информираше дека по 11 години заминува од „Канал 5“ телевизија.
„Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години.
Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно… ќе ми фалите🙂“, напиша таа.
Дебарлиева денеска на нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од својот нов ангажман во „Фактор здравје“.