Вонредна вест: Голф падна во Вардар, нуркачи трагаат по патниците

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кpизи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово

во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици движејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднало од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во  еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало, соопштија од ЦУК. 

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оствари комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза поmош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници.

Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кpизи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде