Таткото на Калина Велевска сподели емотивен пост за неговата прерано почината ќерка

26 годишната Калина Велевска, член на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“, прерано го заврши својот млад живот на врвовите на Кајмакчалан…таа вчера целосно им се предаде на планините…

Калина Велевска, по пад во бездна, загина на Кајмакчалан заедно со уште еден вљубеник во планинините 35 годишен маж, Александар Миновски.

Калина и самата беше дел од екипата и сведок на драмата која се случи при нивното патешествие одејќи кон Титов Врв на Шара во 2016 година, кога дел од нејзините другари го грееа со своите тела 17 годишното момче кое падна во бездна, додека да дојдат спасувачите.

Калина Велевска тогаш напиша:

,,Планината не прави среќни, ни ги трга секојдневните грижи, прави да се чувствуваме убаво, ни буди најубави емоции.

Сепак, не смееме да заборавиме на нејзината моќ, на нејзината големина и никако не смееме да и водиме инает“…напиша таа по повод овој немил настан. Што од сето ова се случи вчера на Кајмакчалан, знаат само Калина и нејзиниот сопатник на патот кон бесконечноста.

Калина Велевска, во својот кус, но исполнет со бројни доживувања и авантури живот, ќе остане запаметена по својата нескротлива природа и љубов кон природата и планините.

Своите доживувања ги бележеше во серија написи ,,Од дневникот на една планинарка“. Нека почива во мир.

На Фејсбук сѕтраницата Macedonian Bike Riders се сподели објава во чест на Калина, за млади ентузијасти кои во нејзина чест го искачиле врвот Кајмакчалан од Македонска страна со велосипеди.

– Во спомен и сеќавање на Калина, во неделата 25ти септември беше искачен врвот Кајмакчалан од Македонска страна со велосипеди. Беа околу 20 велосипедисти од цела Македонија. Тешкиот терен за повеќето не беше препрека да се стигне до горе, на самиот врв.

На турата Боби Арсовски го возеше велосипедот кој го имаше Калина. Една од најтешките тури, како емотивно, ментално, така и физички. Тоа не прави да бидеме јаки и издржливи во борбата со болката што секој од нас ја носи длабоко во себе.

Но никогаш нема да се откажеме. Ќе продолжиме да возиме и да се сеќаваме на нашата Калина. Вечна ти слава девојче“, стои во објавата.

Подоцна, истата објава ја споделил и Маријан Велевски, нејзиниот татко како приказна за ќерка му на која цела Македонија секогаш ќе ѝ се восхитува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде