Велосипедист удрил во комбе кое стоело поради дефект и го загубил животот: Тpaгедија на авотпатот Тетово – Скопје

Велосипедист на 55 години од Скопје го загубил животот во на автотпатот Тетово-Скопје денеска околу 13 часот и 20 минути, информира тетовската полиција.

Несpеќата се случила на делот од автопатот во непосредна близина на Добарски надвозник.

-Велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно моторно возило „фолксваген кратер“ со скопски регистарски ознаки.

Во несpеќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои поч инал на самото место, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено за обдукција. (МИА)

Слична содржина

Возило на МВР удри малолетник на велосипед

На 23.05.2022 во 22,50 часот во Охрид на ул.„7-ми Ноември“, во близина на бензинска пумпа патничко моторно возило “шкода“ сопственост на МВР удрило во малолетен велосипедист од Охрид.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид и известен е Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде