Селски фудбал во Македонија: Навивач во Тетово влезе на терен и со бокс удри фудбалер! (видео)

Македонскиот клупски фудбал е далеку од потребното ниво, а доказ за тоа е денешната ситуација во Тетово.

Голем скандал ги одбележа натпреварите од втората македонска лига. Ситуацијата се случи на натпреварот помеѓу Тетекс и Саса (0:2).

Пред самиот крај на натпреварот едно лице од трибините веројатно навивач на гостинскиот тим влезе на теренот му удри бокс на гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Судијата набрзо по инцидентот означи крај на мечот.

Вакви работи едноставно не смеат да се случуваат на терените, па веројатно Тетекс го очекува сериозно голема казна за огромниот пропуст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде