Постојано ја гледаме како дел од екипата на Македонските народни приказни на Канал 5 телевизија, а покрај тоа глуми и во неколку театарски претстави и ангажирана е со синхронизирање на турските серии.
Младата и надежна актерка Ирена Илиевска иако во приказни се појавува во улога на скромна селска мома, таа и таму плени со убавината.
За Македонските народни приказни во едно интервју младата актерка изјави:
-Приказните се дел од нас, дел од нашето минато, минатото на нашите прабаби и дедовци. Го носиме тој код впишан длабоко во нас и треба да го негуваме.
-Приказните се дел од нас, дел од нашето минато, минатото на нашите прабаби и дедовци. Го носиме тој код впишан длабоко во нас и треба да го негуваме.
Тие се дел од блиското минатото на овој народ, па од таму верувам дека потекнува и интересот на гледачите за овој тип програма. До сега Канал 5 тв има снимено речиси 200 народни приказни чија гледаност е се поголема.
Мислам дека тоа е доволен коментар за успешноста на проектот. Се надевам дека ќе стануваме се подобри, а гледаноста и бројот на задоволни гледачи ќе расте.
Погледнете како изгледа оваа убавица во приватноста!