Тажна вест: Почина познатата македонска актерка

На 61 годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова,

која целиот работен век му го посвети на Народниот тетар -Битола, објави вечерва порталот apla.mk

Зад себе остави море одиграни претстави и плејада театарски ликови, меѓу кои и меѓу кои „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“.

„Дивата, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената.

А зад сцената беше уште потопла и голем другар“, соопшти Битолски театар по веста за смртта на Стефанова.

Публиката ја памети како брилијантна актерка која беше родена за на сцена, целосно предадена на улогите со кои настапуваше, со извонреден смисол за хумор до тој степен што само што ќе се појавеше на сцена и ќе проговореше низ театарската сала се слушаше смеа.

Нејзините колеги се збогуваат од Јулијана на социјалните мрежи, која беше голема актерка и пријателка. Често беше вклучена во проекти со кои кај младите се поттикуваше љубовта кон театарот.

Нејзините колеги со тажно срце на социјалните мрежи се збогуваат од Јулијана, која беше одличен актер и голем  пријател.

Зад себе остави море од одиграни претстави и театарски улоги, а публиката најмногу ќе ја памети по нејзиниот извонреден хумор на театарската сцена.

Извор: apla.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде