Баба продавала печурки на пазар при што затpула седум лица во Србија. Бабата сега е приведена.
Полицијата во Шабац ја уапсила М.Г. (72) од местото Чуковина, каде седум лица се затруле откако купиле печурки на пазарот од неа.
Таа била задржана во полиција 48 часа и ќе биде сослушана во Основното јавно обвинителство во Шабац, објавија српските медиуми.
Полицијата запленила и одредена количина печурки, кои ќе бидат анализирани.
Првиот пациент со симптоми на труење во болница се пријавил во средата, друг во петокот, а потоа дури петмина.
„Отровната баба“, како што ја нарекоа секој ден продавала печурки па покрај луѓето кои завршиле на лекување во Белград, вознемирени се и другите кои пазареа со неа.
Седуммината затруени, од кои најмладиот имал 33 години, прво биле примени во болницата во Шабац, а потоа префрлени во Белград.