Наде се шоkиpаше кога ја виде најновата сметка за струја: Гледам, читам, пресметувам, мислам, ама никако не ми оди да дојдам до некакво решение

Владата неодамна на прес конференција објави дека во однос на електричана енергија за 85 .000 потошувачи добиваат субвенционирана електрична енергија во износ од 80 проценти.

Ќе се субвенциуонираат и сите училишта и здравствени установи со поповолна цена за електрична енергија .

Според Ковачевски, во однос на електрична енергија, и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија.

-Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската.

Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини, нагласи премиерот.

Сепак, на социјалните мрежи граѓаните постојано се жалат на високите сметки на струја, а последна во низата е Наде Цветкоска. Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост.

„Гледам, читам, пресметувам, мислам, ама никако не ми оди да дојдам до некакво решение за да одгатнам како и на кој начин од потрошени 4.604 ден. електрична енергија ми ставиле 5.770 денари надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Значи, вкупно за месец август, на сред лето 11.079 денари! Каде бе ја дистрибуиравте елекричнава енергија? Во Тунгузија или во Центар?

Па колку бе ќе плаќаме кога ќе почне грејната сезона? Можеби 110.790? Колку нули бе да додадам?! Арамии! Неспособни! Го опљачкавте народот!

Дали воопшто сте се запрашале за оние со 18.000 ден. плата како ќе преживеат? Ама битно вашите 180.000 секој месец редовни се. До кога ќе го крадете народот? До кога?! “, напиша Наде на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде