Никола Димитров доцна вечерва објави една убава приказна која ќе ве остави без збор

Фејсбук пост на поранишниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

И доброто е заразно

Другар ми излегува од зграда и си го гледа моторот со скршен фар. Фрла поглед кон деца кои играат фудбал во близина. Ги прашува дали можеби направиле беља.

Едно од нив дотрчува:

– Извинете чичко, ама јас сум крив.

– Аман бе деца, па го паркирав на страна, баш дека знам дека ѕидот ви е голот.

– Ама многу силно шутнав. Сега ќе го викнам татко ми, за да плати.

По кратко думање, другар ми вели:

– Не, да си здрав и жив, да си играш сега пак фудбал и на татко ти ништо да не му кажуваш.

– Ама како?

– Да, тоа што самиот си дојде и си кажа е голема работа. Голем да растеш и секогаш да бидеш таков!

По неколку дена човекот оди на мајстор за да го поправи моторот и на прашање на мајсторот му ја раскажува случката. За колку да дојдам? Дојди утре, ќе биде готов моторот. Колку ќе ме чини? Дојди утре.

Доаѓа другар ми и мајсторот не сака да чуе да земе пари. Вели, ова е од мене, поради тоа детето.

И доблеста е заразна!

ПС. Приказната е вистинита. Мене ме допре, можеби затоа што сме толку одвикнати од убави приказни. Имајте убава вечер!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде