Тажни вести од спортот: Почина еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња

Тажни вести пристигнуваат од светот мотоциклизмот, семејството на Фил Рид објави дека денес 83-годишниот поранешен мотоциклист починал.

Рид стана првиот мотоциклист во историјата кој ги освоил светските шампионати до 125, 250 и 500 кубици. Во својата кариера стигна до вкупно седум светски титули.

Низ кариерата беше голем ривал со сонародникот Мајк Бајк Хелвуд и Италијанецот Џакомо Агостини. Кариерата ја заврши со 52 победи.

Активен на патеките беше од 1961 до 1976 година. Во 2013 година поради неговите достигнувања беше прогласен за „мото ГП легенда“

Слична содржина

По кратко и тешко боледување почина познатиот македонски новинар

По кратко и тешко боледување почина долгогодишниот новинар и уредник Венко Кричевски, роден 1957 година.

Најголем дел од кариерата помина во дневниот весник Вечер, а има работено и за повеќе други весници и списанија.

Погребот ќе биде извршен утре од 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

РЕДАКЦИЈАТА НА ИНФОРМАТОР ИЗРАЗУВА СОЧУВСТВО ДО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде