Родители бидете внимателни: Болниците се полнат, во Козле десетина деца се на кислородна поддршка

Десетина деца се на кислородна поддршка во болницата во Козле поради компликации од респираторни инфекции.

Најмалото од нив има само две недели и буквално од родилиште завршило веднаш во болничка соба. Бронхити и пневмонии,

а многу помалку стомачни вируси – е патологијата со која се соочуваат педијатрите во установата каде дневно има повеќе од 100 прегледи, објави ТВ Сител.

-Воглавно се опструкции и сега веќе и децата ко исе алергични – на домашна прашина, доаѓаат во тешка состојба и во напад. И да, респираторните инфекции можат да завршат со потреба од кислород, вели за телевизијата д-р Љуљјета Мустафа, педијатар во болницата во Козле.

Овој бум на респираторни вирусни инфекции според лекарите се должи и на заспаниот имунитет во време на пандемијата па децата сега го плаќаат данокот.

Најголем број од пациентите во болницата во Козле се од претшколска возраст, но има и поголеми кои имаат хронични заболувања но поради ковидот не оделе често на контроли.

-Исхраната, физичката активност и хигиената – тоа е најважно, но и редовни контроли, особено тие со астма и алергии кои не одеа во пандемијата, да си ги закажат редовните темини, вели д-р Мустафа.

Иако во есенскиот период се очекува зголемен број на вирусни инфекции, наплив од болни деца бележат и земјите во соседството, каде има и сомнежи дали позади ова е сокриен бран на ковид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде