По екcплозија која утрово околу 6 часот по локално време се случи на мостот кој ги поврзува Крим и Русија, има голем пожар на железничка композиција која пренесува нафта.
Истовремено на вториот автомобилски крак на мостот има колапс на дел од автопатската делница. Во море е паднат делот меѓу два столба на мостот.
Советникот на Зеленски, Михаил Подољак, по нападот на Кримскиот мост на Твитер напиша дека се што е незаконско треба да се сруши, а се нелегално присвоено да се врати на Украина.
– Крим, мостот, почеток. Сè што е нелегално мора да биде уништено, сè што е украдено мора да се врати во Украина, сè што е окупирано од Русија мора да биде протерано, напиша Подољак на украински и англиски јазик.
Crimea, the bridge, the beginning. Everything illegal must be destroyed, everything stolen must be returned to Ukraine, everything occupied by Russia must be expelled. pic.twitter.com/yUiSwOLlDP
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) October 8, 2022
Руски сенатори изјавија дека ова е објавување на војна и мора да биде соодветно одговорено на ваквите теротистички напади, затоа што молчење ќе значи нивно зачестено повторување.
Кримскиот мост е отворен во 2018-та година, четири години откако Русија го анектираше полуостровот Крим. Мостот е долг 17 километри. Неговата изградба чинеше 272 милијарди рубљи (приближно 4 милијарди американски долари).
За време на руската агресија, мостот има огромно стратешко значење за руските армиски сили на јужниот фронт кон Херсон и Запорожје.
Преку мостот се врши нивно снабдевање и замена на армиските единици, а мостот е единствена врска на Крим со копното на Русија.