Вонредно обраќање на Зеленски откако утрово имаше серија експлозии во Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше по ракетните напади врз Киев утринава!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде кратка изјава по ужасните ракетни напади врз Киев утринава.

Ова е прв напад врз главниот град на Украина по неколку месеци. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека експлозиите се слушнале во центарот на градот, во областа „Шевченко“, пренесува британски „Би-Би-Си“.

Нападите на градот доаѓаат два дена откако единствениот мост што ја поврзува Русија со окупираниот Крим беше оштетен во експлозија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги обвини украинските разузнавачки служби за, како што рече, тој теpоpистички акт.

„Тие се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земјата. Сакаат да ги у6ијат нашите луѓе кои спијат во Запорожје.

Да у6ијат луѓе кои одат на работа во Днепар и Киев. Предупредувањата за воздушна опасност не престануваат. Проектилите продолжуваат.

За жал, има мpтви и повредени. Ве молиме не ги напуштајте засолништата. Грижете се за себе и за вашите најблиски. Да се ​​одржиме и да бидеме силни“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот „Телеграм“ канал.

Според украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко, во нападот на Киев имало жртви. Експлозии се регистрирани во Киев, Житомир, Хмелницки, Днепар, Лавов, Тернопил. Најмалку пет експлозии се слушнале во центарот на Киев утрото на 10 октомври.

За жал, на неколку места има повредени и мртви“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде