Млад скопјанец вчера бил ранет од огнено оружје вчера на булеварот „Словенија“ во градот, а засега е нејасно кој го застрелал, соопшти МВР.
„На 09.10.2022 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Д.Н.(29) од Скопје.
Претходно, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија” се слушнале истрели од огнено оружје, по што полициски службеници излегле на местото и пронашле неколку чаури и еден неиспукан куршум“, се вели во полицискиот билтен.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слична содржина
Тинејџер преплашил сограѓанка: Се обидел да ја ограби, полицијата му влегла дома
На 02.10.2022 околу 20:10 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот гостиварец А.М..
Тој се сомничи дека на 24.09.2022 со употреба на сила се обидел да одземе паричник од 45-годишна гостиварка.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.