Денеска (10 октомври) околу 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово,
патничко моторно возило “ауди” со тетовски регистарски ознаки управувано од 68-годишниот тетовец Е.Г. удрило во 45-годишната З.Ј.(пешак) од тетовско Долно Седларце.
Во несреќата пешакот З.Ј задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Слична содржина
Скопје како Тексас: Жена нападната и ограбена на улица!
Двајца разбојници се уапсени минатата ноќ во Скопје, откако два часа претходно нападнале и ограбиле жена од Прилеп на булеварот „Гоце Делчев“, соопшти полицијата.
„На 07.10.2022 во 01.05 часот на бул.„ВМРО” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода С.М.(42) и В.Т.(24), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев” физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката“, велат од полицијата.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.