Познатиот украински фудбалер Андриј Шевченко се огласи на социјалните мрежи, каде опиша како за малку ќе yмрел за време на руското гранатирање.
Шевченко бил во возот кога се случило гранатирањето.
„Бев во возот, застанавме под гранати. Тие неколку часа беа како цела вечност … Сакам да кажам едно. НИКАКВИ ракети и гранати нема да ја скршат Украина.
Можете да ни ги одземете улиците и куќите, но невозможно е да ни го одземете достоинството, храброста и желбата за слобода. Ќе ја заштитиме Украина.
Ќе пееме на мостовите како што денес пееја граѓаните на Киев во метрото, ќе се бориме додека не победиме“, напиша Шевченко на Инстаграм.
На социјалните мрежи покрај сведоштвото Шевченко објави снимка и фотографии од целиот хаос.